За сè се криви Дембеле и Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд по втор пат одлучи да го суспендира нивниот најдобар играч Пјер-Емерик Обамејанг. Дортмунд синоќа беше поразен од Штутгарт со 2:1, а овој меч го пропушти Габонецот.

Тој дозна дека е суспендиран еден ден пред натпреварот, а од клубот го известија дека тоа е поради доцнење на тренинг, а на истиот ја днесе freestyle екипата што снимале заедно реклама.

Од клубот известија дека суспензијата е од дисциплински причини, бидејќи Обамејанг не известил никого дека ќе има „гости“ на тренингот.

Меѓутоа германските медиуми тврдат дека ова е само параван и дека има друга причина за суспензијата.

Во текот на репрезентативната пауза тој заминал за Барселона на еден ден каде бил во посета на својот довчерашен соиграч Дембеле.

Како што пишува Кикер тоа ги налутило челниците на Дортмунд, па одлучиле да го суспендираат.

Веројатно германскиот тим е загрижен дека Барселона може да им „украде“ уште еден играч.