Вест Хем конечно најде напаѓач?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Им се здосади чекањето на шпицовите од Серија А кои се предомислуваат.

Славен Билиќ силно го сакаше, прво Заза, а после и Карлос Бака. Но, напаѓачите на Јувентус, односно Милан “Чеканите“ беа дури последна опција, имаа други идеи, па Хрватот се сврти на мети од Премиер лига.

Како што пишуваат островските медиуми, блиску е трансфер на Андре Ају од Свонси. Африканецот кој стигна од Марсеј во Велс како слободен играч одигра одлична сезона, неговата цела е околу 20 милиони евра.

Прво беше актуелна трампата со Енер Валенсија, но Свонси одби таков расплет и бараше пари.

Ќе видиме дали договорот ќе биде официјализиран за викендов, а Велшаните тогаш се во трка со напаѓачите, заминаа Палоски и Едер, се зборува дека и Гомис може да го напушти клубот па јасно е дека тренерот Гвидолин секако треба да купи барем два напаѓачи во ова лето.

Ају во минатата година постигна 12 голови во Премиер лигата во својата прва сезона во Англија.