Тензии во Реал пред дербито со Атлетико (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На интернет излезе видео од тренингот на Реал Мадрид на кој дојде до туркање помеѓу Роналдо и Касемиро. Поточно Роналдо нешто му кажа на Бразилецот, а овој потоа го турна. Се тоа се случи пред очите на соиграчите, но и пред очите на медиумите кои го забележаа овој момент.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се обиде да ги смири страстите пред големото градско дерби против Атлетико Мадрид.

„Тоа не е нешто што влијае на нас, сите знаеме дека многу се зборува околу клубот. Сешто се зборува. Ние сме мирни и фокусирани на она што е важно, а тоа е фудбалот. Кристијано и Касемиро се паметни и може да кажат што сакаат. Заедно се многу години и имаат освоено многу титули. Еден може да каже нешто, другиот сосема спротивно, но ние поради тоа сме мирни и меѓу нив нема проблеми“- истакна Зидан.

Навивачите на Реал во коментари на социјалната мрежа Твитер имаат поделено мислење за инцидентот. Едни викаат дека тоа е сериозна работа, други дека тоа е шега помеѓу Кристијано и Касемиро. Проценете сами: