Јувентус шокиран од Сампдорија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сампдорија го приреди најголемото изненадување во 13. коло од Серија А откако пред своите гледачи славеше победа против актуелниот шампион, Јувентус.

„Старата дама“ имаше иницијатива во текот на целиот натпревар, а посебно во првото полувреме, но истата не успеа да ја претвори во предност.

На почетокот на вториот дел Бјанконерите беа шокирани од Дуван Запата кој го отвори резултатот во 52. минута. Ерупција на стадионот следеше во 71. минута кога Тореира со прекрасен гол зголеми на 2:0. Осум минути подоцна Ферари го дотолчи противникот со третиот гол во мрежата на Шчезни.

Малку фалеше за сензација затоа што Јувентус преку Игуаин и Дибала во судиското продолжение опасно се доближи барем до реми, но немаа сили со бод да си заминат од Џенова.

Резултати:

Кротоне- Џенова 0:1

Бенвенто- Сасуоло 1:2

Сампдорија- Јувентус 3:2

СПАЛ- Фиорентина 1:1

Торино- Киево 1:1

Удинезе- Каљари 0:1