Гром од ведро небо: Ни Анчелоти, ни Раниери, ова е фаворитот за селектор на Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италија по 60 години ќе го пропушти настапот на едно Светско првенство. По катастрофалните два натпревари против Шведска, Џан Пиеро Вентура сосема очекувано заработи отказ од селекторската позиција кај Азурите.

Сега од Италијанскиот фудбалски сојуз се во активна потрага по негова замена, а во претходните денови се шпекулираше дека Анчелоти или Раниери ќе бидат нови предводници на репрезентацијата.

Сепак, како што пишува „Газета дело Спорт“ во денешното издание, главен фаворит за оваа позиција е поранешниот селектор и актуелен тренер во Челси, Антонио Конте.

Конте кој  со успех ја водеше репрезентацијата на Италија е  незадоволен на „Стемфорд Бриџ“ и многу е веројатно дека набрзо ќе  ја напушти позицијата. Поради таа причина харизматичниот тренер е прв избор на Карло Тавекио.