Барселона за само 20 милиони евра го добива Озил


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона е сериозна во намерите во своите редови да го донесе играчот на Арсенал, Месут Озил.

Моменталниот лидер во Ла Лига планира да донесе офанзивен играч за врска, а покрај Озил, приоритет број еден останува Фелипе Кутињо.

Каталноците ќе направат уште едни, финални напори за ангажман на Бразилецот, а доколку не успеат да го донесат на „Камп Ноу“ ќе се насочат кон Озил кој е далеку поевтина варијанта од Кутињо.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона е заинтересирана и за Анхел Ди Марија, Томас Лемар и Деле Али и Кристијан Ериксен, но ќе биде премногу тешко барем еден од овие четворица да пристигне во Каталонија во зимскиот преоден рок.