Гризман: Не жалам што останав


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антоан Гризман инсистира дека не зажалил што останал во Атлетико Мадрид и покрај големиот интерес за него од неколку топ клубови.

Французинот меѓу другото истакна и дека не планира да замине од клубот во јануари. Некои медиуми пренесуваат дека Гризман веќе се договорил со Барселона, но според последните негови зборови тоа е се во доменот на шпекулациите.

„Не жалам што останав во Атлетико. Тоа беше мој избор, а јас сум среќен со него и покрај тоа што немам постигнато гол седум натпревари. Ве уверувам дека ќе погодам наскоро“ –коментираше Гризман за „Телефут“.

За Гризман постои сериозен интерес од Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид.