Што ПСЖ подготвува до крајот на преодниот рок?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Емери со себе го доведе Криковјак, стигна и младиот Ло Селсо, после тоа Светците замолчија?

Кои се мети на францускиот шампион?

На некој начин ова е револуција, ерата на Златан Ибрахимовиќ е завршена. Отиде и Лоран Блан, го остапи кормилото на Емери, довчерашниот тренер на Севиља со себе го доведе и Полјакот Криковјак.

Тоа не беше се, да не заборавиме дека Хатем Бен Арфа дојде од Ница како слободен играч, а клубот го засили и Аргентинецот Ло Селсо од Расинг.

Со Ибра, клубот го напушти и Ван Дер Вил, додека Кукас Диње кој во минатата сезона ја помина на позајмица во Рома, е продаден на Барселона. Значи, ако сметаме на тоа дека Кавани ќе ја завземе позицијата на Ибра, работите воглавно остануваат исти.

Но, Емери не го заврши преодниот рок.

Уште еден напаѓач останува приоритет, многумина поради минатото со Карлос Бака во Севиља го очекуваа како мета, но Емери бара млад играч и понатака цели на Лаказет од Лион кој го бара Арсенал.

Со него, како мета се наведува младиот Хесе од Реал, но Лос Бланкоси евентуално напаѓачот би го пуштиле само на позајмица, или да го продадат со клаузула за откуп на договорот, како што беше случајот со Мората и Јувентус.
Доколку Емери инсистира на својата 4-2-3-1 формација, места во средниот ред има само за Верати и Криковјак, па со Мота и Рабио како резерви, Матуиди може да биде продаден. Сепак, францускиот репрезентативец кој е мета на Јувентус нема да замине за помалку од 40 милиони евра.

Шпанецот веројатно во офанзивата ќе игра со Пасторе и Бен Арфа позади Кавани, Моура и Ди Марија по страните, но му треба уште еден играч по страните во офанзивата. Има и задача да пружа шанса на играчите од академијата, клубот повеќе нема да дозволува да му заминуваат младите играчи.

Во одбраната останува исто, со Силва и Луиз како стопери, а што се однесува до голманот, на Трап ќе биде конкуренција Ареола кој се врати од стажирање во Виљареал.