Манчестер Јунајтед заинтересиран за играч на Порто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед испратил скаути да ги следат настапите на Данило Переира од Порто.

„Ѓаволите“ имале претставници на натпреварот кој Порто го одигра против Портимоненсе во кој 26 годишниот играч од средниот ред постигна погодок.

Переира е репрезентативец на Португалија, а беше член  и во шампионскиот тим од Европското првенство во 2016 година.

Жозе Мурињо го идентификувал Португалецот како замена за Маруан Фелаини кој се поизвесно ќе замине од „Театарот на соништата“.