Теквондистите од ХВА РАНГ ИТФ ќе учествуваат на силен турнир во Бугарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец, Охрид викендов ќе земе учество на традиционалниот меѓународен турнир од А Класа, „Бугарија опен 2017“ кој ќе се одржи во Благоевград.

Овој турнир е најсилниот од ваквиот тип на турнири, а Хва Ранг ИТФ предводен од Марјанчо Лазаревски (црн појас, IV дан) ќе ги одмери силите во спаринг-борби, поединечно и екипно каде ќе настапат со две екипи (кадети 10-14 години и јуниори 14-15 години).

Од клубот се надеваат дека и овој пат ќе се претстават во најдобро издание и воедно упатуваат голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал кој и овој пат е најзаслужен за нивното учество на овој престижен турнир.