Гризман: Манчестер Јунајтед е опција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Атлетико Мадрид, Ентоан Гризман призна дека трансфер во Манчестер Јунајтед е можен во иднина.

Францускиот интернационалец подолго време е поврзуван со трансфер на „Олд Трафорд“, а минатото лето во изјава за француски ТВ канал истакна дека шансите да се пресели во Манчестер се „шест од десет“.

„Се уште не сум ја донел одлуката. Тоа зависи од повеќе фактор. Немам ништо против Англија освен временските состојби. Манчестер Јунајтед е реална можност“- коментираше Гризман.

Гризман речиси сигурно ќе си замине од Атлетико Мадрид по конфронтацијата со навивачите кои од натпревар во натпревар се повеќе ги исвиркуваат неговите игри.