Барса и понатака е во потрага за напаѓач, ново име во игра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека никој не сака ја „грее“ клупата на МСН триото, а во каталонија се надеваат дека пронајдоа решение.

Барселона со сите сили пробува да доведе еден квалитетен напаѓач и така да го затвори преодниот рок.

Многу имиња се доведени во врска со клубот од Ноу Камп“, но Барса не успеа да ангажира ниту едно.

Последна желба беше Гамеиро, но тој им се „испушти“, и најверојатно во Атлетико.

Имаше приказна и дека искусниот Робин Ван Перси се нуди на Блауграната, но управата на клубот не сака да ризикува со така искусни играчи кој притоа е склоп на повреди.

Сега „фрлија око“ на фудбалер на Сао Паоло, Џонатан Каљери.

Аргентинецот веќе некое време е познат ширум Европа благодарение на одличните партии во дресот на Бока Јуниорс.

Беше на прагот од Интер, па Вест Хем, но на крајот заврши во Бразил.