Пепе сака да го види Роналдо во Бешикташ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пепе истакна дека би сакал да го види неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во редовите на Бешикташ.

Португалскиот дефанзивец ова лето се пресели во Бешикташ како слободен играч токму од „Кралскиот клуб“.

Во интервју за Си Ен Ен, тој призна дека би било неверојатно ако неговиот колега од репрезентацијата на Португалија му се приклучи во Турција во иднина.

„Ако можам да избирам, секако дека би сакал Кристијано да дојде тука. Тој е човек за кого јас имам огромен респект“- коментираше Пепе.

Се погласни се шпекулациите дека Роналдо ја игра последната сезона на „Бернабе“, но малку е веројатно дека негова следна дестинација ќе биде Турција.