Новак: Знаеме дека нема да биде лесно против Зенит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред натпреварот со Зенит во рамките од 5. коло од Лигата на Европа, на прес конференцијата која се одржа денес свое видување даде и стоперот на Вардар, Евгениј Новак.

Украинецот знае дека нема да биде лесно со Зенит, но се надева на позитивен резултат на гостувањето во Русија.

„Не очекуваме дека ќе биде лесно, затоа што знаеме дека Зенит е добра и силна екипа дека играат многу добро. Тие играат често во Лигата на Европа. Имаме само порази во првите четири натпревари, но не чека нов натпревар во кој ќе се бориме да оствариме овој пат добар резултат. Пред нас се уште два натпревари во групната фаза од Лигата на Европа, и се надеваме дека ќе играме подобро и дека ќе оствариме подобри резултати од претходните“- изјави Новак.

За потсетување, Вардар првиот натпревар против Зенит на националната арена „Филип Втори“ го загуби со убедливи 5:0.