Фотографијата што Меси ја постави на својот фејсбук профил, ги разбесни навивачите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во средата се одигра натпреварот во Лигата на Шампионите помеѓу Јувентус и Барселона во рамките на 5. коло, а заврши без голови.

По натпреварот средба остварија аргентинските фудбалери Гонзало Игуаин, Паоло Дибала и Лионел Меси.

Меси, фотографијата што беше направена во текот на нивниот разговор ја објави на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Оваа фотографија предизвика бурни реакции од страна на навивачите кои го нападнаа со коментари Игуаин поради неговиот изглед.

„Зарем не му е срам да го соблече дресот?“, пишува во еден од коментарите, додека во друг пак му порачуваат на Меси да го советува Игуаин малку „да намали со Мекдоналдс“.

Фотографијата можете да ја погледнете подолу.