Туран се сели во Монако?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишува „Мундо Депортиво“ Монако е последниот тим кој е заинтересиран за услугите на Арда Туран од Барселона.

Турскиот интернационалец кој се мачи во Барселона веќе му соопштил на челниците на клубот дека сака да замине уште во јануари било како позајмен играч или како целосен трансфер.

Повеќе европски клубови ја контактирале Барселона за да се распрашаат за услугите на Турчинот, а „Мундо Депортиво“ пренесува дека Монако е еден од нив.

Сепак, најсериозни кандидати за неговиот потпис остануваат Фенербахче и Галатасарај.