Мурињо загрижен дека Фелаини ќе замине


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо е загрижен дека Маруан Фелаини ќе го напушти Манчестер Јунајтед следното лето откако се уште нема напредок во преговорите околу новиот договор.

30 годишниот фудбалер не е во најдобри односи со фановите на Манчестер Јунајтед и нема гарантирано место во стартниот тим.

Запрашан дали е загрижен поради тоа што Фелаини не би бил тука следната сезона, Мурињо одговори: „Да, загрижен сум“.

Веднаш потоа беше запрашан дали тој може да стори нешто за неговиот миленик да остане во Манчестер Јунајтед, а Мурињо додаде: „Ништо. Тоа се преговори меѓу играчот и одборот. Јас не сум инволвиран во договорите. Ги почитувам двете страни.“

За Фелаини постои сериозен интерес од неколку екипи од Турција.