Алиоски влезе во серија, гол и на четвртиот натпревар по ред (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски по низата критики од фановите на Лидс почна да игра во фантастична форма.

Нашиот репрезентативец и четврти натпревар по ред се запиша во листата на стрелците, овој пат тресејќи ја мрежата на Барнсли во победата од 2:0.

Алиоски голот го постигна во третата минута од судиското продолжение на првиот дел. Претходно прилепчанецот беше асистент на првиот гол на Саму Сајц во 23. минута.