Несторовски погоди за Палермо (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски го постигна својот десетти гол оваа сезона во дресот на Палермо.

Прилепчанецот прецизно стрелаше на првенствениот натпревар кој неговиот тим го доби на гостувањето кај Авелино со 3:1.

Илија Несторовски беше креатор на последниот, трет гол за Палермо во 77. минута од натпреварот. Претходно Молина од Авелино си постигна автогол, а на 2:0 зголеми Гнахоре.

Вториот македонски репрезентативец, Александар Трајковски не доби шанса за настап на денешниот натпревар.