Реми на Енфилд, Ливерпул и Челси ги поделија бодовите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес на програмата беше дербито на колото во Англија помеѓу екипите на Ливерпул и Челси.

Ливерпул испушти предност против актуелниот првак Челси откако прв поведе преку Мохамед Салах кој уште еднаш одигра фантастичен натпревар.

Сепак, Ливерпул повторно не можеше да го задржи водството затоа што Вилијан во 85. минута го матираше лошо поставениот Мињоле.

Поделбата на бодовите на крајот беше и најправедна со оглед дека Ливерпул и Челси имаа доминација на моменти, но ниту еден тим не успеа да го контролира натпреварот.

Челси останува трет со три бода заостанување зад Манчестер Јунајтед, додека Ливерпул се наоѓа на петтата позиција, но може да биде поминат од Арсенал кој утре игра со Барнли.