Челси не е причината, еве зошто Салах не славеше на вчерашното дерби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мохамед Салах постигна погодок против неговиот поранешен тим во ремито помеѓу Ливерпул и Челси одиграно на „Енфилд“.

Во центарот на вниманието беше тоа што Салах не го прослави погодокот. Иако сите мислеа дека тоа го направи поради почит кон неговиот поранешен клуб тоа не беше така. Египќанецот со тоа што не го прослави погодокот им оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад кој во петокот се случи во неговата држава.

Салах беше член на Челси од 2013 до 2015 година, но повеќе време помина на позајмица во Фиорентина и Рома. Тој за Челси одигра само 19 натпревари на кои постигна два гола, а откако дојде во Ливерпул има постигнато 13 на 15 натпревари.