Арсенал не се откажува од Лемар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се очекува Арсенал да испрати нова понуда за Томас Лемар во јануари.

„Топчиите“ во летниот преоден рок испратија понуда од 90 милиони фунти која Монако ја прифати, но самиот играч одби да се пресели на „Емирати“ со образложение дека му преостанало многу малку време да размисли за толку крупен чекор во неговата кариера.

Покрај Лемар, Арсенал ќе добие уште едно засилување откако актуелниот директор на Барселона, Раул Санлехи се очекува да го напушти клубот во јануари и да се пресели меѓу „топчиите“.