Милан го отпушти Монтела и доведе нов тренер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан во досегашниот дел од сезоната се наожа во многу лоша форма, иако овој клуб летото доведе неколку звучни засилувања. Росонерите едноставно не играат како што се очекува од нив, а кризата на Сан Сиро трае веќе неколку недели.

Навивачите за сево ова го обвинуваат Винченцо Монтела кој некако пронајде начин да остане на клупата на Росонерите, но и нему му снема среќа.

Имено челниците на Милан денес одржале состанок, по повод лошата форма на клубот и одлучиле да му дадат отказ на Монтела. Според пишувањата на италијанските медиуми нов тренер на Милан ќе биде Џенаро Гатузо кој ја напушти клупата на Примавера.

Оваа одлука не ги воодушеви баш навивачите на Милан кои очекуваа некое поискусно име на тренерското место. Многу се надеваа на враќање на Карло Анчелоти, но овој искусен стручњан не сакаше да преговара со својот поранешен клуб.