Пукна љубовта: Обамејнаг се сели во Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јасно е дека Пјер Емерик Обамејанг има проблеми со раководството на клубот и се поизвесно е дека ќе го напушти „Сигнал идуна парк“ во најскоро време.

Последните неколку години на адреса на Борусија Дортмунд стигнуваа многу примамливи понуди за Габонецот, но „Милионерите“ не сакаа да се откажат од него.

Сепак сега се чини дека разделбата е поблиска од кога и да е. Капката која ја прелила чашата беше црвениот картон на Обамејанг на дерби натпреварот против Шалке во кој Борусија успеа да прокоцка четири голови предност и на крајот натпреварот да заврши без победник.

„Билд“ пренесува дека Обамејанг го известил својот менаџер да му побара нов клуб уште во јануарскиот преоден рок. Според шпекулациите од Челси има сериозен интерес за услугите на Обамејанг, а во игра е и Ливерпул. Клоп веќе соработуваше со него во времето кога беше тренер на Борусија и јасно е дека и тоа како големо засилување би бил Обамејанг за Ливерпул.

Се споменува дека Обамејанг ќе чини околу 70 милиони евра.