Игуаин го пропушта дербито со Наполи?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Sky Sport денес пренесе вест дека Гонзало Игуаин можеби ќе го пропушти дерби натпреварот против Наполи во петок.

Медиумот наведува дека Аргентинецот денес ќе оди на итна операција на левата рака и поради тоа нема да патува на натпреварот против Наполи кој е на распоред во петок.

Аргентинецот беше резерва на мечот помеѓу шампионот Јуве и Кротоне, а поради болки во раката беше испратен на дополнителни прегледи.

Неизвесен ќе биде и неговиот настап за „Старата дама“ на 5. декември во Лигата на шампионите против екипата на Олимпијакос.