Барселона во јануари се засилува со 21 годишен Бразилец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Барселона во јануарскиот преоден рок во своите редови сакаат да го донесат играчот на Гремио, Артур.

Техничкиот директор на Барселона, Роберт Фернандез го следеше натпреварот од Копа Либертадорес во кој Гремио се сретна со Ланус, а Артур одигра одличен натпревар.

Инаку, 21 годишниот фудбалер е новопечен репрезентативец на Бразил. Артур неодамна го продолжи договорот со Гремио во кој е вклучена откупна клаузула од 50 милиони евра, но бразилскиот клуб би се согласил да го продаде за „само“ 20 милиони евра.