Буфон прогласен за најдобар во Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа во Италија  беа доделени наградите за најдобрите играчи во изминатата сезона во Серија А во организација на Асоцијацијата на фудбалери во Италија.

На доделувањето на „Италијанските фудбалски оскари“ беа присутни голем број на легендарни личности од светот на спортот, а наградата за најдобар играч во Серија А ја однесе голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон.

Јувентус беше избран за најдобар тим, а шест фудбалери на „Старата Дама“, четири од Наполи и Раја Нинголан од Рома се најдоа во идеалниот тим.

Еве кои играчи се дел од идеалниот тим кој беше прогласен во формација 4-3-3.

Идеален тим на годината во Серија А: Буфон (Јувентус), Алвес (Јувентус), Бонучи (Јувентус/ Милан), Кулибали (Наполи), Сандро (Јувентус), Наинголан (Рома), Пјаниќ (Јувентус), Хамшик (Наполи), Мертенс (Наполи), Игуаин (Јувентус), Дибала (Јувентус).

Тренерот на годината: Маурицио Сари (Наполи).