Седум тренери за три сезони – Каде е грешката на Милан?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан го отпушти и Виченцо Монтела. Него ќе го замени Џенаро Гатузо, некогашен фудбалер на ово тим и миленик на навивачите кој нема голема тренерска кариера позади себе.

Милан веќе подолг временски период нема добри резултати позади себе. Откако почна серијата на Јувентус, постојано се менуваат тренери во Милан.

После Максимилијан Алегри кој пооследна сезона што ја одбработи во Милан му беше 2013/14, следеа по ред:

Мауро Тасоти, кој беше многу кратко,
Кларенс Сидорф,
Филипо Инзаги,
Синиша Михајловиќ,
Кристијан Броки,
Виченцо Монтела,
и сега Џенаро Гатузо.

Она што е многу занимливо е дека Милан промени само тројца тренери во периодот од 2001. година па се до 2014. година.

Тука беа Анчелоти, Леонардо (само една сезона) и Алегри.

Каде Милан најмногу погреши? Прашање кое отвара многу одговори.