Борусија го „краде“ најголемиот талент на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најталентираниот играч во академијата на Манчестер Јунајтед, Анхел Гомес е трансфер цел на Борусија Дортмунд.

Младиот Гомес е првиот играч што заиграл во Премиер Лигата а е роден во 2000 година откако минатата година дебитираше за првиот тим на „Црвените ѓаволи“ и важи за блескава иднина на англискиот фудбал.

Веќе подолго време се шпекулира дека преговорите околу новиот договор на 17 годишниот фудбалер со Манчестер Јунајтед се во стагнација со што се отвора вратата за клубот од Германија да го повлече својот потег.

„Милионерите“ ова лето во своите редови го донесоа талентираниот играч на Манчестер Сити, Џејдон Санчо и планираат да продолжат со вакви инвестиции и во иднина.

За Анхел Гомес сериозен интерес постои и од редовите на Барселона.