Играчот на Челси уште во јануари го засилува Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На нешто повеќе од еден месец до почетокот на јануарскиот преоден рок веќе засилено стигнуваат и трансфер шпекулациите поврзани со големите тимови.

Прва трансфер „бомба“ на јануарскиот пазар ќе биде Давид Луиз кој од редовите на Челси ќе се пресели во Реал Мадрид.

Веќе се започнати преговори со претставници на Реал Мадрид и агентот на бразилскиот фудбалер кој не е во најдобри односи со тренерот на „сините“, Антонио Конте.

Рамос и Варан веќе имаат изградено одлично партнерство во дефанзивата, а 30 годишниот Луиз треба да претставува поддршка за нив двајца.