Веќе не е тајна каде ќе оди Обамејанг?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе е прашање дали Обамејанг ќе презими во Дортмунд, затоа што според извештаите на странските медиуми, понуден е на Челси.

Обамејанг уште од летото се поврзуваше со многу клубови, но Борусија одлучи да го задржи, но набрзо беше суспендиран од страна на клубот, па веќе јасно стана дека нешто не функционира на релација, клубот и тој и дека Габонецот ќе мора да замине.

The Mirror пишува дека Борусија контактирала повеќе европски великани со цел да го понуди Обамејанг, кој сака да го продаде во Јануари.

Челси е заинтересиран за 28-годишникот, а баш на нивна врата затропа Борусија.

Мичу Бачуаи се повреди, Алваро Мората е единствена напаѓачка опција во тимот на Антонио Конте, па доаѓањето на Обмејанг би бил логичен потег, но има и уште една работа – го посакува и Пеп Гвардиола.

Како и да е, одличниот напаѓач е се поблиску до заминување од Борусија, а својата класа ја покажа и оваа сезона, бидејќи на 19 меча постигна 17 погодоци.