Буфон: Не е крај, би се вратил и на 60


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон наговести дека би можел да се врати во италијанската репрезентација. Ова го изјави само две седмици откако се повлече од меѓународниот фудбал.

Легендарниот голман, својот наводно последен натпревар за репрезентацијата го одигра против Шведска, кога Аѕурите одиграа 0:0 на Сан Сиро и ја пропуштија приликата во бараж да се пласираат на Светското првенство во Русија.

Сепак, Џиџи на гала вечерта во Милано истакна дека можеби ова не е прав крај за него и дека тој само „си зема пауза“ од репрезентацијата која никогаш не би можел да ја одбие „дури ни кога ќе биде 60 години“.

„Одлучив да се простам од репрезентацијата, но ако биде потребно, никогаш нема да можам да го одбијам мојот повик во иднина“, рече Буфон на церемонијата на доделувањето на наградите за најдобри играчи во Серија А, во понеделниккот во Милано.

„И за Јувентус и за репрезентацијата секогаш сум се сметал како војник. Дури и кога ќе бидам 60 години, не би можел да одбијам повик бидејќи во себе го носам концептот на нацијата“.

Буфон одби да го критикува Вентура во однос на неуспехот на Италијанската репрезентација да се пласира на Светското во Русија.

„Вентура направи најмногу што можеше“, но нажалост не успеавме да постигнеме гол против Шведска, истакна Џиџи.