Како да се пробуди Дибала? Ова е неговата нова улога во тимот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот падна малку во формата после одличниот старт, а Алегри против Наполи ќе проба нешто ново.

Можеби и дербито на сезоната ќе се одигра во петок на „Сан Паоло“, каде што лидерот Наполи го пречекува Јувентус и победа над шампионото би значела поголема предност.

Јуве не блеска, клучните играчи не се во форма, пред сите Дибала, Игуаин нема да игра поради операција на раката, но се враќа Киелини.

Она што Алегри најверојатно ќе го проба е нова формација, поточно Манџукиќ нема да го предводи нападот, оди на десната страна, а Дибала би требало да биде „лажна деветка“.

Од другата страна ќе биде Квадрадо, па Јувентус би можел да се спротистави на Наполи со формација 3-4-3.

Не е ова првпат Алегри да пробува со Дибала како најситурен играч, истото го проба против Каљари, но ова е сосем друга приказна.

Во секој случак, не очекува добар натпревар, стадионот е веќе распродаден.