Лукаку и Ериксен со утки на годината (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера на програмата беа четири натпревари од 14. коло од Премиер лигата. Манчестер Јунајтед забележа победа на тешкото гостување на „Викариџ Роуд“, а Тотенхем беше поразен на гостувањето кај Лестер.

Вечерта ја обележаа двете големи промашувања на големите ѕвезди на „ѓаволите“ и „петлите“. Имено, Лукаку кој ова лето пристигна на „Олд Трафорд“ за сума од 75 милиони фунти реагираше катастрофално по една асистенција на Маркус Рашфорд. Белгиецот не успеа да ја смести топката во празната мрежа на Гомес, а тоа промашување на крајот можеше да го чини Манчестер Јунајтед бодови со оглед на тоа што Вотфорд опасно се доближи до гостите во последните моменти од натпреварот.

Нешто слично му се случи на Кристијан Ериксен кој против Лестер успеа да го промаши невозможното.