Калиниќ по само една полусезона заминува од Милан


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Доаѓањето на Џенаро Гатузо на клупата на Милан би можел да значи и крај за Никола Калиниќ во дресот на „росонерите“.

Хрватот ова лето пристигна на „Сан Сиро“ од редовите на Фиорентина за 25 милиони евра, но неговиот учинок од три голови и две асистенции во 15 натпревари не импресионираше никого.

Сега кога замина и тренерот кој инсистираше за негово доаѓање многу е веројатно дека Калиниќ ќе замине од Милан.

Интерес за него повторно има од Фабио Канаваро кој е тренер на Гвангжу Евергранде. Славниот италијански фудбалер се обиде да го донесе Калиниќ и додека беше тренер на Тианјин, но до реализација на трансферот не дојде.

Се споменува дека Кинезите се подготвени да платат 45 милиони евра за услугите на Калиниќ.