Голем удар за Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Немања Матиќ беше заменет на почетокот на второто полувреме против Вотфорд поради мускулна повреда која одреден период ќе го оддалечи од теренот.

Се уште не е познато каква е повредата на Матиќ и колку долго ќе отсуствува од теренот, но јасно е дека Србинот нема да биде подготвен за саботниот дерби натпревар против Арсенал кој ќе се игра на „Емирати“.

Ќе видиме какво решение ќе смисли Мурињо за гостувањето во Лондон и дали на местото на Матиќ ќе го игра Фелаини кој одбива да потпише нов договор со клубот, или Андер Ерера кој нема задоволителен старт во Манчестер Јунајтед.