Реал Мадрид уште во јануари носи нов голман


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Како што пишува шпанскиот весник „Марка“ од Реал Мадрид се подготвени да ја платат откупната клаузула во висина од 20 милиони евра за услугите на голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалга.

Младиот голман веќе подолго време е желба на „Кралевите“, а „Марка“ пренесува дека договорот е многу блиску. Наводно и од Реал Мадрид но и Кепа сакале што побрзо да заврши трансфер сагата, а на тоа согласност дале и од Атлетик Билбао.

Ова би значело дека Реал Мадрид конечно ќе се откаже од намерите да го потпише Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед.