Вардар и Шкупи ремизираа во првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипите на Вардар и Шкупи на стадионот во Ѓорче Петров одиграа натпревар во кој немаше победник (1:1) па одлуката за патникот во ¼ финалето ќе се знае по реванш средбата на Чаир.

Шкупи поведе со фантастичниот гол на Ален Јашаровски уште во осмата минута од натпреварот.

На 1:1 изедначи Тигран Барсегјан со уште поубав погодок. Ерменецот во 59. минута со лоб од мртов агол го матираше голманот на гостите, Суад Зендели.