Голем пресврт: Игуаин стартер против Наполи?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај тоа што на Аргентинецот пред само три дена му беше извршена операција на левата рака, еспресно се опорави и се појави на вчерашниот тренинг, што ги изненади дури и клупските доктори.

Игуаин не настапи на последниот натпревар на Јувентус против Кротоне, тој беше на клупата, но тогаш се гледаше дека раката му е во завој.

Првите претпоставки беа дека првиот напаѓач на Јувентус сигурно ќе го пропушти натпреварот со поранешниот клуб, но се чини дека Игуаин сепак е спремен уште еднаш да го замилкне Сан Паоло, како што тоа го направи минатата сезона кога брилијираше против Наполи.

Ова е најавениот состав на Јувентус: Буфон, Бенатиа, Барзаљи, Киелини, Де Шиљо, Пјаниќ, Кедира, Асамоа, Дибала, Даглас Коста, Игуаин.