Кралски напад кон фудбалерот на Манчестер Сити


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Кевин Де Брајн игра во одлична форма во дресот на „Граѓаните“ и со сигурност е еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер на овој тим.

Фантастичните игри на Де Брајн во дресот на Сити ги покренаа шпекулациите околу негов нов договор со клубот од синиот дел од Манчестер. Сепак, менаџерот на фудбалерот, Патрик Де Костер бара огромно зголемување на неговата плата што претставува кочница во преговорите.

Ситуацијата будно ја следат од Реал Мадрид од каде се подготвени да испратат богата понуда до Манчестер Сити за услугите на Белгиецот. Наводно, „Кралевите“ веќе одржале начелни разговори со менаџерот на фудбалерот. Подготвени се да му понудат услови кои не се одбиваат, но се уште се далеку од договор со Манчестер Сити.