Извлечени групите за Светското првенство во Русија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На денешната церемонија одржана во Кремљ беше извршена ждрепката во пресрет на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Русја.

Се чини дека Србија помина лесно со оглед на тоа што во групата ги доби Коста Рика, Швајцарија и Бразил. Освен „Кариоките“ нашиот северен сосед ќе може да се надигрува со двете репрезентации. Втората балканска земја, Хрватска немаше многу среќа во ждрепката со оглед на тоа што во група падна со Аргентина и Исланд, како и Нигерија.

Ова се групите извлечени на денешната ждрепка:

Група А: Русија, Уругвај,  Саудиска Арабија, Египет

Група Б: Португалија, Шпанија,  Мароко, Иран

Група Ц: Франција, Австралија, Перу, Данска

Група Д: Аргентина, Исланд, Хрватска,  Нигерија

Група Е: Бразил, Швајцарија, Коста Рика, Србија

Група Ф: Германија, Мексико, Шведска,  Јужна Кореа

Група Г: Белгија, Тунис, Англија,  Панама

Група Х: Полска, Сенегал, Колумбија, Јапонија