Наполи конечно падна, Игуаин кобен за „своите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва се одигра дерби натпреварот од Серија А во кој се сретнаа главните фаворити за титулата во Италија.

Јувентус беше поуспешен од Наполи на гостувањето на „Сан Паоло“,  а стрелец на единствениот гол беше поранешниот играч на наполитанците, Гонзало Игуаин.

Ова беше прв пораз за избраниците на Маурисио Сари кои до сега играа фантастично во италијанскиот шампионат и доколку победеа на вечерашната средба ќе направеа голем чекор кон Скудетото. Вака, Јувентус се враќа во игра, а Интер ќе има можност со победа против Киево за прв пат сезонава ќе дојде на првото место во Серија А.

Во останатиот денешен натпревар Рома со 3:1 славеше на домашен терен против СПАЛ.