Мурињо во нова „војна“ со Гвардиола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити со многу мака стигна до злато вредна победа против Саутемптон во претходното коло од Премиер Лигата кога во шестата минута од продолжението Рахим Стерлинг погоди за конечни 2:1.

По натпреварот Пеп Гвардиола втрча во теренот и жестоко дебатираше со Натан Редмонд, играчот на Саутемптон.

Многумина очекуваа казна од ФА за шпанскиот стручњак поради ваквиот поте, но до тоа не дојде. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо на вчерашната прес конференција призна дека оваа одлука не го изненадила.

„Дали сум изненаден што не е казнет? Не, не сум изненаден. Не можам да ви кажам зошто не сум. Ако ми сте пријатели не ме прашувајте зошто ќе бидам во неволја ако ви одговорам“– коментираше Мурињо.