Станува интересно во Шпанија, Барселона втор натпревар поред не победува


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во прекрасен натпревар на „Камп Ноу“, екипите на Барселона и Селта Виго ги поделија бодовите играјќи возбудливо реми со четири погодоци (2:2).

Веќе втор натпревар по ред Каталонците не стигнуваат до победа и покажаа дека сепак се ранливи и нема да имаат мирен пат кон титулата.

Селта ги казни пропустите на Барса и во 20. минута со голот на Иаго Аспас го отвори резултатот. Потоа домаќините стигнаа до пресврт со погодоците на Лео Меси во 22. минута и Луис Суарез во 62. минута. Меѓутоа, конечниот резултат го постави Макси Гомез кој го совлада Тер Штеген по одличното проигрување на Аспас.