Манчестер славеше против Арсенал но го загуби најдобриот играч за мечот со Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа голема победа на „Емирати“ против Арсенал со 3:1 во дерби натпреварот од 15. коло од Премиер Лигата.

Стрелци за Манчестер Јунајтед беа Валенсија кој погоди во 4. минута и Џеси Лингард кој го совлада Чех во 11. и 63. минута. Сепак, најголем херој беше Давид Де Геа кој го сруши рекордот на Том Хитон и успеа да собере 14 одбрани на еден натпревар во Премиер Лигата.

За Арсенал единствениот погодок го постигна Александаер Лаказет .

Хендикеп за Манчестер Јунајтед ќе биде црвениот картон на Пол Погба по кој нема да има право на настап во градското дерби против Сити.