Реал не го искористи киксот на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетик Билбао го запре Реал Мадрид и не му дозволи на „Кралскиот клуб“ да се доближи до Барселона која денес исто така киксираше против Селта Виго.

На „Сан Мамеш“ Баскијците го запреа тимот од главниот град на Шпанија играјќи реми без голови.

Реал Мадрид имаше повеќе од играта и имаше неколку изгледни шанси но никој не успеа да го совлада Кепа Аризабалага.

Треба да се напомене дека Серхио Рамос по враќањето на терените заработи црвен картон во 86. минута од натпреварот.

Реал остана на осум бодови зад Барселона и падна на четвртата позиција во Ла Лига.