Манчестер Јунајтед ги разочара „Кралевите“ со понудата за Бејл


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Герет Бејл е се поблиску до заминување во Реал Мадрид, а враќање во Англија е најреална опција за него.

Велшанецот во последниот период мака мачи со повредите поради кои одигра само 24 натпревари во последните 15 месеци во дресот на Реал Мадрид.

За неговото заминување се повеќе се зборува,а  шпанските медиуми сметаат дека тоа може да се случи уште во јануари. Наводно, Манчестер Јунајтед повторно покажал интерес за Бејл, но клубот од „Олд Трафорд“ не сака да ја плати цената која ја очекува Реал Мадрид.

Имено, „Марка“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати „само“ 50 милиони фунти за услугите на Бејл, додека „Кралскиот клуб“ се надева дека ќе заработи повеќе затоа што во 2013 година го платија 100 милиони фунти.