Тотенхем го продава Роуз на ривал од Премиер Лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Тотенхем се подготвени да го продадат Дени Роуз на Манчестер Јунајтед уште во јануари.

Како што пишуваат медиумите во Англија, „Петлите“ за услугите на англискиот репрезентативец ќе бараат 45 милиони фунти, сума за која Манчестер Јунајтед тешко дека ќе се согласи.

Сепак можно е да дојде до договор во кој ќе бидат вклучени бонуси по кои ќе може да се стигне до таа цена. Сепак, за Роуз да пристигне на „Олд Трафорд“ во јануари најпрво ќе треба од клубот да се ослободат од некој до левите бекови, а најсериозни кандидати за заминување се Далеј Блинд и Лук Шо.