Алиоски номиниран за најдобар играч во Лидс за месец ноември


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгјан Алиоски имаше фантастичен месец зад него.

По неколкуте лоши натпревари во низа, Алиоски одговори на критиките на најдобар можен начин со четири голови постигнати на исто толку натпревари во еден календарски месец, нешто што во Лидс му успеало само на легендарниот Марк Видука во 2001 година.

Алиоски е номиниран заедно со дефанзивецот Понтус Јансон и со Самуел Саиц со кого нашиот фудбалер има одлично партнерство во офанзивата.

Според коментарите на фановите на Лидс на Твитер профилот на клубот, Алиоски убедливо води пред Јансон и Саиц и со сигурност ќе биде играч на месецот во славниот англиски клуб.