Погледнете ја реакцијата на помошникот судија на стартот на Погба за кој доби црвен картон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба, вчера доби директен црвен картот на натпреварот во Премиер лигата против Арсенал, поради стартот над Хектор Белерин.

Погба беше многу невнимателен откако го нагази Белерин, а главниот судија веднаш му го покажа патот кој соблекувалната.

Колку беше жесток неговиот старт најдобро покажува фотографијата на која се Жозе Мурињо, Ешли Јанг и помошникот судија. Тие тројцата останаа шокирани после стартот на Погба, а во центарот на вниманието се најде помошникот судија.

Навистина немаме често прилика да видиме вакви реакции на судиите при случувањата на терените. Да потсетиме, Погба поради црвениот картон ќе го пропушти наредниот меч каде што неговиот клуб го дочекува градскиот ривал Манчестер Сити.

Погледнете ја фотографијата од моментот кога Погба го направи стартот над Белерин.